еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки

Директорот на Клиничката болница во Тетово, Фљорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми попладнево поднесоа оставки по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица.

Бесими на својот Фејсбук профил напиша дека по ваков трагичен и немил настан, ваквата одлука е неизбежна.

– Со неисцрпна болка за секоја жртва и секој член на семејството, ве известувам дека поради моралната одговорност што ја чувствувам, поднесувам оставка од функцијата директор на Клиничката болница во Тетово.

По ваквиот трагичен и немил настан, оваа одлука е неизбежна. Во исто време, се надевам дека целосната истрага ќе заврши што е можно поскоро и ќе се разјаснат причините за пожарот во модуларниот центар на Тетовската клиника за пациенти со Ковид-19, напиша Бесими.

И економскиот директор Етеми соопшти дека поднесува оставка од морални причини.

– Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин.

Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите, напиша Етеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесе оставка

Филипче поднесе пишана оставка до Заев: „Последната трагедија во Тетово многу ме погоди“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви надлежности има Бирото за јавна безбедност кое доби нов директор

Редакција

Повторно ќе се затвори популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос

Редакција

Судскиот совет ја прифаќа идејата за оценска мисија на нејзината работа од страна на ЕУ

Редакција