Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку, напиша на социјалните мрежи првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, коментирајќи ги поднесените оставки на заменик министерот за здравство, Илир Хасани и директорот на Клиничката болница во Тетово, Фљорин Бесими.
– И Илир и Флорин нема да престанат со нивниот придонес за граѓаните и општеството.Тие се со нас и блиску до граѓаните. Дури и вечерва ќе ги најдете на должност, помагајќи им на пациентите без оглед на нивната јавна функција, напиша Груби на својот Фејсбук профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесе оставка
Двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки
Филипче поднесе пишана оставка до Заев: „Последната трагедија во Тетово многу ме погоди“
Фото: Фејсбук/Груби