еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Односот на владините службеници на чествувањето на роденденденот на Гоце Делчев е цензура, велат од ЗНМ

Расправање и недоличен однос на административни службеници од владиниот протокол кон новинарски екипи, нелогични правила кои ограничуваат влез на новинари и физички ги дели новинарите од снимателите од местото на настанот, игнорантски однос на новинарски прашања, селективно издавање акредитации на медиумите се дел од пропустите и грешките кои институциите ги прават за време на денешното одбележување на официјалното чествување пред гробот на Гоце Делчев во цркавата „Св. Спас“ во Скопје, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Настанот се уште трае што остава можност на организаторите да се коригираат овие грешки и да се излезе во пресрет на новинарите и снимателите кои се таму, бидејќи што тоа им е професионална обврска во насока на известување за потребите на граѓаните и задоволување на јавниот интерес.

Санкција од Владата за постапките на службеничката е само првиот чекор што треба да води кон сериозна промена на односот кон новинарите и медиумските работници. Укажуваме дека административни службеници немаат овластувања да комуницираат со новинари на терен, па дури и дрско да им наредуваат каде тие треба да се позиционираат и како треба да си ја вршат новинарската работата.

Бараме и објаснување од кабинетот на премиерот зошто новинарите во првиот дел на одбележувањето на овој настан имаа забрана за влез во објектот на „Св. Спас“.

Предупредуваме дека вакви арбитратни одлуки, не само што креираат лоша пракса за организирање на идни настани од страна на Владата, туку ја вознемируваат новинарската заедница и ги ограничуваат присутните новинари да имаат пристап до случувањата кои се од јавен интерес,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само неколку медиуми добија акредитација за следење на чествувањето на роденденот на Делчев, остра осуда од ЗНМ

Група граѓани собрани во близина на „Св. Спас“, безбедносната зона може да ја минат само делегации и новинарски екипи

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 4 лица од корона вирусот, вкупно 302

Редакција

(ВИДЕО) ОАЕ ја објавија првата фотографија од Марс снимена од сондата Амал

Редакција

Фон дер Лајен сигурна дека ќе има мнозинство за уставните измени

Редакција