еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Радио МОФ го освои првото место на ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2020 година

Како продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција, беа доделени три награди за најдобри истражувачки стории во Северна Македонија.

Првото место го освои истражувачката сторија на екипата од Радио МОФ насловена „По трагите на балканскиот рис“ – истражувачка сторија во две продолженија.

Во изработка на оваа сторија учествуваа Јасмина Јакимова, Даниел Евросимоски, Емилија Петреска и Бојан Шашевски. Првиот дел од истражувањето е насловен „По трагите на Лиса и Филипче, балканските рисови кои обединија три држави“, а вториот дел од сторијата е насловен „Недопирливите“ убијци на балканскиот рис.

Второто место го освои Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за серијалот истражувања насловени „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за Ковид-19“.

Сторијата „Работат 44, а плата земаат 1410 лица“ – истражувачки серијал за работата на Министерството за политички систем, изработена од Кристина Озимец и Влатко Стојановски го освои третото место. Оваа сторија беше објавена на Пина.мк и Самопрашај.мк.

– Истражувачкото новинарство е од голема важност, бидејќи придонесува во заштита на јавниот интерес и бара отчетност од оние кои се на власт. Новинарството како професија има одговорна задача да ја информира јавноста на објективен начин и истовремено да го одразува мноштвото на гледишта коишто се јавуваат во јавноста и секако да бара отчетност, изјави заменик шефот на делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Џулијан Васало.

Васало додаде дека храбри новинари се оние кои истражуваат на храбар начин и поткреваат прашања за коишто останатите не се осмелуваат да прашаат и на тој начин ги прават општествата подобри.

– Во одлучувањето се водевме по зададени критериуми што ја оценуваа релевантноста на сториите, квалитетот, оригиналноста и професионалниот новинарски интегритет, рече претседателката на жири-комисијата на ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2020 година и уредничка во Сакам Да Кажам, Марина Костова.

Костова ги опиша приказните на финалистите како значајни и оти ги надминуваат рамките на новинарството, бидејќи остануваат како вреден документ и ресурс за натамошни истражувања во сите сфери. Таа додаде дека сите приказни се независни новинарски напори и не се дел од редакција.

Наградите се дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации.

Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство е воспоставена од Европската комисија во 2015 година, со цел да ги истакне и промовира достигнувањата на истражувачките новинари, но и да го подобри квалитетот на новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција.

Фото: Синдикат на новинари и медиумски работници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помош од 1,2 милиони денари од Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

Редакција

Потпишан меморандум за соработка меѓу ВВ „Тиквеш“ и „Факултет за земјоделски науки и храна“ во состав на УКИМ во Скопје

Редакција

(Фото) Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода доби енергетски ефикасна фасада од Цементарница Усје

Редакција