еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ковид-кризата доведе до намалена сексуална желба кај македонските граѓани, еректилна дисфункција и монотонија, вели Сузана Милиќ од „Валијант“

Се поголем број на научни истражувања покажуваат дека ковид-кризата негативно се одрази на сексуалното здравје, бидејќи стравот, непредвидливоста за тоа што не чека понатаму, финансиската нестабилност, со себе повлекоа различни психички состојби кои негативно се одразија на желбата за секс.

Карантинот, на почетокот на кризата, исто така си го направи своето, бидејќи премногу време поминато заедно исто така штети на желбата за секс, поради отсуство на „мистиката“ кај другиот партнер.

Од оваа криза, ќе остане запаметен транспарентот на една жена која вели „Повторно во карантин, со ист маж, повеќе не,“ што од друга страна реално открива што се случувало во односите помеѓу партнерите.

Негативното влијание на ковид-кризата врз сексуалното здравје, на своја кожа го почувствуваа и македонските граѓани.

Сопственичката на секси-шопот Валијант, Сузана Милиќ, која со децении работи на македонскиот пазар, вели дека намалена сексуална желба е првиот полесен симптом кој многу го почуствуваа на сопствена кожа.

„Ограничено движење и принудно затворање подолг временски период, резултира во два правци: монотонија во врската и уништување на партнерската врска или зацврснување на истата.

Ако можам да кажам за придобивка од ковид-кризата, тоа би било фокус кон сопственото тело, взаемно истражување на ерогените зони, издигнување на интимата на повисоко ниво за сите оние кои свесно размислувале дека можат да имаат квалитетен сексуален живот со своите партнери,“ вели Милиќ за „еМагазин“.

Според нејзе, прв изразен проблем во овој период, кај мажите е еректилна дисфункција, најчесто како последица од страв и монотонија.

„Најважно е што мажите не остануваат на мисла – ќе помине. Ме радува тоа што реагираат и бараат помошни средства за да ја надминат таа состојба, бидејќи активен сексуален човек се чувствува дека е жив кога дава и пружа задоволство.

За оние кои беа погодени од ваквата несакана појава, како помошно средство употребуваат вакум пумпа и крема. Така брзо се враќаат на претходниот тек од нивното секојдневие кога е интимата во прашање,“ додава таа.

Прележаните од Ковид-19 исто така имаат негативни последици по здравјето, од многу аспекти, а овде не е исклучок и последицата по нивната сексуалност.

„Некои се соочуваат со асексуалност, други во голема мера се жалат на намалено либидо. Сите кои се свесни за промените кои им се јавиле, реагираат и превземаат мерки да се надмине ситуацијата.

Има можност да се делува, битно е да се реагира, бидејќи ништо не се решава само по себе. Неопходно е да има интервенција и да не се дозволи да згасне желбата бидејќи сексуалниот пламен мора да се негува за успешна партнерска релација,“ потенцира Милиќ.

Ковид-19 кризата влијаеше на работата на „Валијант“, исто како и на многу други компании, но како што вели нашата соговорничка се обидуваат да се вклопат во новото нормално.

„Факт е дека на сите ни недостасува слободата во вистинска смисла на зборот. Конкретно во овој период „Валијант” има обврска да делува позитивно на зачувување на интимата и надградување на квалитетот на партнерската релација.

Негативните ефекти од ковид-кризата доведоа до многу нус појави: незаинтересираност, монотонија во врската, еректилна дисфункција…

Во „Валијант” константно работиме и изнаоѓаме начини да ги информираме клиентите дека не смеат да дозволат да навлезе монотонија во врската, да се фокусираат на сексуалната енергија, бидејќи е и животна енергија.

Онаму каде што има искра на љубов и фактор привлечност се’ полесно се надминува. За таа цел достапни сме за комуникација преку социјалните мрежи, телефонски оператори или лично во нашите продажни центри,“ додава Милиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ограничени маржите и за млечните производи 

Редакција

(Фото) Дечиња во Штип продаваа сок на пазар за да соберат донации за Симона

Редакција

Седницата за реконструкцијата на Владата во понеделник

Редакција