еМагазин
Image default
Балкан

„Ова е последниот танц со короната, сите ќе се заразиме“, предупредува српски доктор

Заменик-директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, д-р Радмило Јанковиќ за „Телеграф“ вели дека доколку сега не се реагира на драматичното ширење на коронавирусот, наскоро Србија ќе се соочи со ситуација во која „цела земја ќе се зарази“.

Тој вели дека овие денови се последните во кои би вредело да се преземаат радикални мерки, повикувајќи ги властите да спречат преголем притисок врз здравствениот систем поради огромниот број пациенти кои имаат сериозни симптоми.

Јанковиќ вели дека овој бран на вирусот е „последниот танц со короната“, а Србија нема избор.

“Елементарната логика вели дека треба да се преземат ригорозни анти-епидемиски мерки, кои вклучуваат ограничување на движењето, спречување контакти и можност за физичко ширење на вирусот.

Ограничувања на собири на јавни места во затворени простории, клубови, кафулиња, па дури и продавници, освен таму каде што има основни потреби. Се разбира, со преминот кон работа и настава преку Интернет“, вели Јанковиќ и додава дека тие мерки би имале ефект за 15 дена, бројот на заразени лица би почнал да се намалува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинирани и невакцинирани Срби ќе може да патуваат во Грција најверојатно уште во април

Редакција

Над 900 земјотреси ја погодиле хрватска Банија, се отселиле речиси 3.000 луѓе

Редакција

(ФОТО) Загреб му ја исполни желбата на Балашевиќ

Редакција