еМагазин
Image default
Локално

Тракторист загина во Арачиново, четворица повредени во несреќата

Трактористот С.С. (62) од село Арачиново синоќа бил повреден во сообраќајка што се случила на регионалниот пат Скопје–Куманово, во атарот на село Арачиново. Тој се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 21.10 часот им подлегнал на повредите.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила меѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од село Арачиново и трактор „имт-533“, управуван од С.С.(62) од село Арачиново.

Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило, сопатничката од истото возило Е.М.(24) од село Арачиново и уште двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанка барана со меѓународна потерница поради „семејно насилство и киднапирање“ уапсена на албанско-македонската граница

Редакција

Казнети 378 лица за неносење заштитна маска

Редакција

(Видео+фото) Како изгледа: Почна со работа новото основно училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец

Редакција