еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Пановски: „Не е фер да се каже дека само вакцинираните се заштитетни, потребно е уште 200.000 да се вакцинираат за да се намали смртноста“

Микробиологот Никола Пановски во разговор за телевизија Канал 5 истакна дека не е фер да се каже дека само вакцинираните се заштитетни, бидејќи прележаните се многу повеќе заштитетни од вакцинираните.

„Тука може да се каже, тие се 900.000 илјади, ако се 400.000 граѓани малолетни, ќе останат уште 500.000, до 1,8 милиони граѓани, на кои треба да се удри акцентот, и да се провери која е таа нивна психологија што не се вакцинирани и колку од тие 500.000 граѓани се над 50 години, бидејќи тие се многу позначајна категорија да се вакцинираат.

Значи, треба некаде уште 200.000 луѓе да се вакцинираат, за да се намали бројот на смртните случаи“, рече д-р Пановски.

Тој вели дека никаде во свет не може да се постигне 100 отсто вакцинираност на населението доколку вакцинацијата не е задолжителна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: „Кој ќе биде одговорен за присилување на вакцинација само за добивање на сертификат, изгледа како злосторство“

Доктор Пановски: „Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убаво време уште утре, од среда нестабилно и со поројни дождови

Редакција

Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот

Редакција

Најголем дел од починатите од Ковид-19 имале проблем со срцето

Редакција