еМагазин
Image default
Локално

Зголемен водостојот на поголем дел од реките

Водостојот на поголем дел од реките во државата е зголемен во однос на вчера, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

За 18 сантиметри е зголемено нивото на реката Вардар кај Демир Капија, а за 10 сантиметри кај Велес. Исклучок за Вардар е мерното место кај Јегуновце, каде за шест сантиметри е намалено нивото во однос на вчера.

За 10 сантиметри е повисок водостојот и на реката Струмица кај Ново Село, за шест сантиметри на Брегалница кај Берово и за пет сантиметри на Пчиња кај Катлановска Бања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пожар во крушевско изгореа два автомобили, плевна, трактор…

Редакција

Двe момчиња од Бангладеш повредени во превртеното возило со мигранти

Редакција

Поради нерачистени сметки се степале исленици во Италија: Детали од МВР за масовната тепачка во Центар Жупа

Редакција