еМагазин
Image default
Локално

Албанка приведена од делчевската полиција поради обид за убиство

Поради обид за убиство од 2016 година, во Полициското одделение од општа надлежност Делчево приведена е А.О. (30) од Република Албанија.

Приведената чие место на живеење е делчевското село Тработивиште, како што соопштија, од полицијата е приведена синоќа во 02:15 минути по полноќ.

– На 11 октомври 2021 во 02:15 часот од полициски службеници од Полициската станица Делчево, поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, лишена од слобода била А.О.(30) од Република Албанија, а со место на живеење во село Тработивиште, делчевско.

А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година, информираат од полицијата.

Лицето А.О. се товари врз основа на чл.123, а во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Триесетгодишната Албанка била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Прв дојден, прв услужен“: Субвенции за велосипеди и електрични тротинети од Општина Карпош

Редакција

Младо момче загина на регионалниот пат Битола-Прилеп

Редакција

Гостиварец почина откако му паднале шипки на глава од камион со кој се разминувал

Редакција