еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Вчера имало 26 пожари низ Македонија, активни се три

Низ Македонија активни се три пожари, во селата Црнилиште и Долгаец во Општина Долнени и помеѓу селата Ореше и Богомила во Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што соопшти ЦУК,  вчера имало вкупно 26 пожари на отворено, а 23 се изгаснати.

Изгаснати се пожарите во Општина Долнени, с. Ропотово (каде што гореше ниска вегетација), Општина Долнени, с.Средорек (ниска вегетација), Општина Долнени, с. Сарандиново кон с.Долнени (ниска вегетација), Општина Долнени, с.Сарандиново од кај с.Пашталево (односно с.Ропотово) (ниска вегетација и стрниште), Општина Прилеп, с.Дабница (ниска вегетација), Општина Прилеп, кај гимназијата во Прилеп (ниска вегетација), Општина Прилеп, кај фабриката „11 Октомври“ (ниска вегетација), Општина Битола, с.Долно Егри (ниска вегетација), Општина Велес, с.Згополци (ниска вегетација), Општина Кавадарци с.Марена (ниска вегетација), Општина Желино, с.Желино (ниска вегетација), Општина Брвеница с.Челопек (ниска вегетација), Општина Тетово, крај патниот правец Тетово-Селце (шума и отпадоци), Општина Липково, два (2), с. Ваксинце и с.Матејче (ниска вегетација), Општина Куманово, с.Билановце (ниска вегетација), Општина Валандово, месност „Погана“ над с.Грчиште (ниска вегетација, „прнар“), Општина Струга два (2), кај с.Велешта и с.Ложани (ниска вегетација), Општина Студеничани, кај с.Осинчани (ниска вегетација и шума), Општина Кисела Вода, во кругот на поранешната фабрика „ОХИС“ (разладна кула), Општина Гази Баба, с.Трубарево (сува трева) и во Општина Студеничани, с,Батинци (каде што гореше шума).

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдено лицето кое на социјалните мрежи ширеше паника за киднапирање деца

Редакција

Член на Судскиот совет пријавил во полиција дека некој му влегувал во канцеларија и му претурал по работите

Редакција

(Фото) Веро отвори нов, модерен маркет во Куманово

Редакција