еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пронајдено лицето кое на социјалните мрежи ширеше паника за киднапирање деца

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишен скопјанец осомничен дека сторил – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 од Кривичниот законик.

За осомничениот веднаш се предложени и мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште и обврска повремено да се јавува на определено службено лице во судот.

-Осомничениот, иако знаел дека не е сторено, лажно пријавил кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, односно пријавил во СВР Скопје дека забележал комбе со сива боја со непознати регистарски ознаки од Република Германија во кое имало две лица кои се обиделе да грабнат малолетничка, но не успеале.

Во извршен разговор во полициска станица тој признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави кои деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери, информираат од Обвинителството.

Во насока на целосно расчистување на овие информации кои беа објавувани изминатите неколку дена, по насоки на јавен обвинител извршени се сите проверки со кои е утврдено дека лицата чии фотографии се споделуваа на социјалните мрежи се сторители на кривични дела – кражби во друга држава и тие во изминатиот период воопшто не престојувале на територијата на државава.

Јавното обвинителство апелира да не се шират дезинформации кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери, МВР ги демантира дезинформациите на социјалните мрежи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Груевски има највисок рејтинг во анкетата на ИРИ

Редакција

Повеќе мажи, над 60 години и со претходни заболувања: Профил на починатите од корона вирусот во Македонија

Редакција

Викендов пообилни и поројни врнежи, засилен ветер, од понеделник заладување и снег

Редакција