еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Побарале поткуп за да не напишат казна за сообраќаен прекршок, кривична за двајца полицајци

Кривична пријава е поднесена против двајца полициски службеници од Крива Паланка поради примање поткуп, информираат од МВР.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници Д.С. и Б.П., вработени во ПО за БПС Крива Паланка при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од КЗ, се наведува во соопштението од МВР.

Имено, полициските службеници на 15. овој месец за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од две лица, странски државјани, во износ од 100 евра. Полициските службеници се изведени пред јавен обвинител, а од страна на истражен судија им е определена мерка притвор од 30 дена.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беким Незири и уште тројца добија куќен притвор за упадот во М-НАВ: Кривичен делумно ги прифати жалбите

Редакција

Од 1.277 лица кои починале од Ковид-19, 207 биле вакцинирани

Редакција

Филмска бркотница во Скопје: Украл „БМВ Х5“ и ги нападнал полицајците кои го фатиле

Редакција