еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Веро отвори нов, модерен маркет во Куманово

По Скопје, Тетово и Битола, Веро ја прошири својата продажна мрежа и во Куманово, каде што денеска отвори нов, модерен Веро и Jumbo маркет, информираат од таму.

Големото отворање Веро го одбележа со специјални попусти за потрошувачите, дегустации, подароци, вредносни ваучери и други изненадувања на задоволство на многубројните посетители.

Во изградбата и опремувањето на новиот маркет, Веро инвестираше околу два милиони евра, со што компанијата ги потврдува своите амбициозни планови за натамошна експанзија во градовите низ земјава.

Новиот Веро маркет се наоѓа во модерниот шопинг центар „Ла плаза“ во Куманово и се простира на површина од 5.000 метри квадратни. Маркетот има околу 100 вработени, изграден е и опремен според највисоките светски стандарди, со сопствен паркинг-простор и нуди ново потрошувачко искуство за сите генерации.

Во него може да се најдат производи од над 700 компании и добавувачи со кои Веро успешно соработува, како и специјализирани оддели со внимателно селектирани производи и понуда, како што се одделите за свежо овошје и зеленчук, готвени јадења, месарница, рибарница, деликатеси и пекарница со секогаш свежи печива.

Работното време на Веро и Jumbo маркетот е од понеделник до сабота од 8 до 22 часот, а во интерес на потрошувачите маркетите ќе работат и во недела од 10 до 20 часот.

По Скопје, Тетово и Битола, Куманово е четвртиот град во земјава каде што Веро има своја мрежа маркети. Од менаџментот на компанијата истакнуваат дека имаат амбициозни планови за натамошна експанзија кои веќе се во фаза на реализација.

– Како пионери и лидери во модерната малопродажба имаме голема одговорност кон нашите потрошувачи секогаш да им овозможиме најголем избор на најквалитетни производи, врвна услуга и најдобро потрошувачко искуство. Тоа и го исполнивме со новиот маркет во Куманово, кој е креиран согласно светските стандарди и трендови во малопродажбата и нуди поразлично шопинг искуство.

За следниот период имаме интензивни планови за нови инвестиции и развој со цел да ги исполниме барањата на потрошувачите кои очекуваат да сме присутни во сите градови во земјава. Наскоро го планираме отворањето на Веро маркет во новиот трговски центар „Дајмонд“ во Скопје, како и нов маркет во Струмица.

Нашите долгорочни планови се поврзани со присуство на Веро во што повеќе градови низ земјава, со што се надеваме дека ќе одговориме на желбите и потребите на потрошувачите, вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро“.

Веро е присутен на македонскиот пазар веќе 26 години, откако го отвори својот прв модерен маркет во скопската населба Аеродром. Оттогаш мрежата на маркети континуирано расте, при што најголемите инвестиции се случуваат во последните две-три години кога компанијата интензивно вложува во нови маркети, но и во модернизација и осовременување на постојните маркети кои секојдневно привлекуваат повеќе илјади потрошувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спасовски: Вработени во МВР издале 215 лажни пасоши, меѓу корисниците меѓународни криминалци и членови на нарко картели

Редакција

„Брако“ започна со производство на машини за индустријата за обработка на стакло наменети за германскиот пазар

Редакција

Во Србија прогласена тридневна жалост

Редакција