еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи вели дека има две верзии за нападот на копретседателот на бугарскиот клуб “Шемето“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција на Преспа форумот за дијалог во Струга, во врска со прашањето за мотивите околу случајот со Бекир Кадриески, побара да не се избрзува со квалификации во јавноста и да се дозволи институциите на системот да го расчистат целиот случај.

-Етничката омраза, ќе ја уништиме во зародиш исто како и нетолеранција, говорот на омраза. Но, да не брзаме со квалификации и да го исполитизираме ова, бидејќи така праќаме лоша порака, на секој инцидент утре да се повикува на етничка омраза и да се добие одредена заштита и тука мора да сме внимателни, рече Османи во одговорот на новинарско прашање.

Тој нагласи дека Македонија е држава – модел за меѓуетничка толеранција и истакна дека нема се дозволи кој било да го урива тој процес.

-Во овој случај побаравме од бугарското општество и медиуми да не избрзуваат со квалификации. Првин, да видиме што точно се случило. МНР е прва точка на контакт, вчера контактирав и со МВР, со Влада. Ние не смееме да доцниме ниту еден час во расчистување на овој случај и мислам дека така постапија институциите, рече Османи.

Според него, има две верзии за настанот, едната на напаѓачот, другата на нападнатиот и тоа треба да го расчисти Обвинителството. Доколку има елементи, Османи ќе реагира, бидејќи како што потенцира, „тоа е прашање што ние нема да дозволиме да стане тренд во државата“.

Околу можните мотиви и дали зад случајот има политичка позадина, Османи го коментираше и неговото заминување во Софија набрзо по случајот „Пендиков“.

– Јас сум многу чувствителен на тема говор на омраза, насилство од омраза, по етничка основа. Веројатно и заради мојата историја, како припадник на заедница што требаше да создаде доверба во ова општество. Многу луѓе се изненадија зошто толку брзо отидов во болница во Софија по инцидентот со Пендиков, прагот на сензитивност ми е многу низок кога станува збор за омраза на етничка основа и не ги делам Бугарите од Албанците, од Ромите, од кои било други, подвлече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои позади бугарскиот клуб „Шемето“, чиј копретседател, Кадриески, беше натепан

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Германија целосно изгоре автобус на македонската компанија „Метак транс“, сопствениците се сомневаат дека пожарот бил подметнат

Редакција

Сите детали: Нови услови за мерката 14.500 денари субвенции за плати во стопанството

Редакција

Една прифатена и три одбиени тужби поврзани со изборите

Редакција