еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој стои позади бугарскиот клуб „Шемето“, чиј копретседател, Кадриески, беше натепан

Бугарските медиуми и политичари очекувано направија хистерија за тепачката, во која беше нападнат копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“, Бекир Кадриески.

Тој нема сериозни повреди, иако бугарските медиуми информираа спротивно, ширејќи лажни вести, и е пуштен на домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Натепан копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“, бугарските медиуми на инцидентот му залепија етнички предзнак

Од македонското Министерство за внатрешни работи сооопштија дека случајот е решен и дека е уапсен напаѓачот, а македонското Министерство за надворешни работи ги повика бугарските политичари да се воздржат од предвремени пресуди за нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За МВР нападот на копретседателот на бугарскиот клуб “Шемето“ е расчистен, напаѓачот е приведен

МНР ги повика бугарските политичари на воздржаност од предвремени пресуди за нападот на копретседателот на бугарскиот клуб “Шемето“

Медиумите јавија дека напаѓачот е етнички Албанец, со кој долго време Кадриески имал нерасчистени меѓусебни односи.

Кадриески е македонски државјанин, нема бугарски пасош, ама е со бугарска самосвест.

Вториот копретседател на клубот е Живко Чакракчиев.

Здружение и за Албанци со бугарски идентитет

Според податоци кои можат да се најдат на Фејсбук страната на клубот и на неговата веб страна, како и основачки акт, истото постои од март 2022 година, е регистрирано како здружение на граѓани во Лабуништа, Струга, а се претставува како здружение за Прилеп, Струга и Гостивар.

Истото ги опфаќа и “Албанците со бугарски идентитет“.

Од таму тврдат дека веќе имале 6.200 членови и симпатизери.

Името го добило по едно од маалата во село Влахи, од каде потекнува македонскиот револуционер Јане Сандански.

Фотографии со бугарскиот државен врв

На Фејсбук страната може да се најдат бројни фотографии на преставниците на здружението со бугарски политичари, како бугарската потпретседателка Илијана Јотова, поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов

Кадриевски информирал и дека лани учествувавал и во комисиската расправа во бугарското Народно собрание посветена на “проблемите“ на Бугарите во Македонија.

Кадриески има фотографија и со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, како што наведува самиот, од коктелот за одбележувањето на националниот празник на Бугарија (трети март).

Преставници на здружението биле и во Албанија, каде изминативе месеци е зголемена бугарската пропаганда, чија цел е Македонците во Албанија да ги престави како Бугари.

Како што велат од здружението биле гости на бугарската заедница во Пустец.

„Се радуваме кога гледаме дека младите Бугари во Пустец се горди на своето потекло и самосвест“, се вели на објава на Фејсубук.

Во ноември лани, меѓудругото, здружението нудело и бесплатна онлајн копија на англиското издание на книгата „Бугарофобија во Северна Македонија“ од Георги Станков, во која биле “истражувани“ односите меѓу Македонците и Бугарите.

Фото: Фејсбук/Шемето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска: Кај починат курир во фиока откриени 1.500 платни налози за прекршоци и казни

Редакција

Скопјани ќе можат електронски да проверат дали им е готов пасошот, ако се фотографирале после први јануари

Редакција

Од Ковид-19 починале 25 лица, 23 имале коморбидитети

Редакција