еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Натепан копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“, бугарските медиуми на инцидентот му залепија етнички предзнак

Бекир Кадриески, копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“ од струшкото село Лабуништа денеска околу пладне физички бил нападнат од лице од селото Велешта.

За нападот информираше и МВР. СВР Охрид соопшти дека настанот во полиција бил пријавен во 12 часот и 15 минути.

– Во близина на спортска сала лоцирана на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.од селото Лабуништа, велат од таму и подвлекуваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Според првичните информации, двајцата подолг временски период имале нерасчистени меѓусебни односи.

На инцидентот бугарските медиуми му залепија етнички предзнак.

Кадриески за бугарска „Нова“ изјавил дека бил соборен на земја и бил клоцан. Бил удиран и со раце, а бил навредуван и по етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“.

Кадриески не е државјанин на Македонија, не поседува бугарски пасош, но вели дека има бугарски идентитет.

Фото: Нова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Средбата на историската и образовна комисија во позитивна атмосфера и размена на ставови

Редакција

Напаѓачот на Пендиков излезе од притвор, остана без пасошот

Редакција

Мазутот поевтинува за еден денар, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Редакција