еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Околу еден милион евра изнесуваат штетите на патната инфраструктура од невремето во Делчево

Околу еден милион евра изнесуваат штетите на патната инфраструктура како резултат на невремето кое го зафати Делчево изминатата недела, информира градоначалникот Горан Трајковски.

Според него, дополнително ќе се прави проценка за санирање и на други критични точки, кои настрадаа од елементарната непогода која го погоди градот.

Трајковски додаде дека извештајот за штетите е испратен до Министерството за транспорт и врски, од каде ќе се достави до Влада, по што на седница се очекува да се донесе Одлука колкава помош ќе добие градот.

Тој информира дека од вчера со работа започна и Комисијата за проценка на штети, каде само во првите два дена поднесени се 60 пријави.

-Има направено финансиска конструкција од околу 1 милион евра, а за регулациија на речните водотеци е дадено во должина метри. Тука се мисли и на атмосферската канализација, мост на река Брегалница, како и регулирање на 13 водотеци кои се слеваат во Делчево.

И затоа се прави финансиска конструкција која повторно ќе биде доставена до Министерството, рече Трајковски.

Врнежите од дожд продолжија и денеска, но според него опасност од нови поплави нема, потенцирајки дека критична точка е делчевската населба Трети Реон каде поради појавено свлечиште, постои голема опасност од срушување на куќа.

За опасноста од свлечишта, при посетата на Делчево пред три дена, алармираше и деканот на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој рече дека населението мора да биде свесно дека вакви работи ќе има се почесто и затоа општините треба да работат а поголема техничка подготвеност со цел да с еублажат последиците од климатските промени.

Од силните врнежи од дожд изминатата недела во Делчево беа поплавени домови, возила и подруми, а надојдената вода поткопа улици во градот, како и магистралниот пат Кочани – Делчево, кој од вчера е пуштен за сообраќај за сите видови возила.

Проценката на синоптичарите е дека за повеќе од еден час во невремето наврнале 65 литри на метар квадратен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Делчево под вода, невремето остави пустош

Општина Делчево отвори донаторска сметка за санирање на штетите од невремето

МИА/Фото: Општина Делчево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ Продажба не одлучува за прифаќање на броилата за поевтина струја, обврската е на ЕВН

Редакција

Каков имот пријавил судијата Зоранчо Мицевски, кој го разреши Судскиот совет

Редакција

Поради корона вирусот нема да има и Евровизија

Редакција