еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Советот на ЕУ препорачува намалување на антибиотиците за 20% до 2030 година

Министрите за здравство на земјите-членки на Европска Унија на денешниот состанокот во Луксембург усвоија препорака за намалување на потрошувачка на антимикробни лекови, меѓу другото и намалување на потрошувачката на антибиотици за 20 отсто од 2030 година.

– Не можеме да ја игнорираме смртоносната закана што микроорганизмите отпорни на лекови ја претставуваат по здравјето на луѓето. Борбата против антимикробната резистенција беше клучен приоритет на шведското претседателство, а денешната препорака им дава на земјите на ЕУ алатки за следење и намалување на потрошувачката на антимикробни средства, истакна шведски министер за социјални работи и јавно здравје, Јакоб Форсмед.

Антимикробните средства се лекови од критична важност. Сепак, поради нивната прекумерна употреба и злоупотреба со текот на годините, антимикробната резистенција е зголемена, што значи дека антимикробните средства ја губат својата ефикасност, што го прави сè потешко или невозможно лекувањето на инфекциите.

Здравството е во надлежност на земјите-членки, затоа Советот на ЕУ не може да донесува обврзувачки регулативи, туку препораки кои земјите-членки можат да ги спроведуваат на доброволна основа.

Препораката е фокусирана на превенција и контрола на инфекции, надзор и мониторинг, иновации и достапност на ефективни антимикробни средства, претпазлива употреба и соработка меѓу земјите-членки и на глобално ниво.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекот „Фавира“ за лечење на Ковид-19 ќе биде достапен и кај нас: Да не се користи на своја рака, туку по препорака на лекар

Редакција

Таравари не дојде на седницата на Централното собрание на АА, на која се изгласа инцијатива за негово разрешување

Редакција

Пријавила само два кредити и кредитна картичка: Каков имот има заменик министерката Славјанка Петровска

Редакција