еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Хотел-ресторан Туто: Tопол амбиент, прекрасен поглед кон селото Јанче, реката Радика и околните планини

Во срцето на Јанче во мијачкиот крај, хотел Туто се издига над реката Радика, овозможувајќи прекрасен поглед кон селото и околните планини.

Одличен избор за викенд дестинација, имајќи предвид дека надвор од сезона, работи само петок, сабота и недела.

Прекрасната тераса за која вреди да се дојде на лето, овој период од годината е затворена, но не помалку е убав и ресторанот.

Направен од камен и дрво, каминот му дава топлина, преточен во амбиентот кој што го красат безброј детали, кои потсетуваат на некои подзаборавени времиња.

Храната е традиционална со голем избор на јадења, кои вреди да се вкусат. Наша препорака е питата со компир, парче сирење и кисело млеко, но за сечиј вкус има по нешто.

Доколку се сместите во хотел Туто, во околината има многу места за посета, во близина е водопадот Дуф кој што се наоѓа на влезот на селото Ростуше, кое е оддалечено на само неколку километри од село Јанче, во близина е и живописната Жировница, тука се и манастирите Св.Јован Крстител и Св. Ѓоргија во Рајчица, а за планинарите постои пат кој од село Јанче води кон Галичник.

И никаде на друго место нема да најдете, толкав голем број на автомобили „фиќо“, симболот на животот од некое друго време.

Фото: emagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ освен победа на Силјановска ќе фрли темни дамки за сериозен инженеринг

Редакција

И во вода на дистанца, чадорите на растојание од 4 метри: Усвоен протоколот за заштита од Ковид-19 на плажа

Редакција

Американската амбасадорка разочарана поради враќањето на предмети од „високи профили“ на повторно судење

Редакција