еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Американската амбасадорка разочарана поради враќањето на предмети од „високи профили“ на повторно судење

Американската амбасадорка во земјава Ангела Прајс Агелер на 11 април годинава испратила писмо до судските и извршните органи во кое изразува загриженост поради одлуката на Апелациониот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили.

Во писмото, како што јави Дојче Веле, Агелер ги истакнуваат напорите на САД и вложените половина милијарда евра за реформи во судството.

– Секој ден сѐ повеќе сум загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, наведува амбасадорката Агелер во писмото.

Од Министерството за правда за ДВ потврдиле дека на адреса на ресорниот министер Кренар Лога „стигнал допис во однос на работата на апелационите судови, кој што дополнително ќе се анализира“.

Покрај до министерот за правда Лога, писмото било испратено и до шефот на дипломатијата Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд – Скопје и до неколку основни судови.

Дописот главно се однесува на случаите поврзани со судењата на поранешните функционери обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања и за оштетување на државниот буџет.

Апелацискиот суд – Скопје изминатиов период одлучи да укине неколку првостепени пресуди и да ги врати на повторно судење. Дел од нив се однесуваа на пресуди за поранешниот шеф на Управата за безбедност и разузнавање (УБК), Сашо Мијалков за случаите „Титаник 2“ и „Таргет-Тврдина“, како и за првостепените пресуди за „Трезор“ и за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април.

МИА/Фото: Американска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најмалку 28 рудари загинаа, а околу 50 се заробени во рудник за јаглен во Турција по експлозија на трансформатор

Редакција

МНР со осуда за кфалификациите за македонскиот народ во Декларицијата на Советот на Благоевград

Редакција

ЦИА помогнала да биде лоциран: Во Сирија е убиен лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади

Редакција