Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека ги осудува непримерните квалификации во содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, што се однесуваат на македонскиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
– Очигледно е дека ваквите декларации се во спротивност на интенцијата на двете влади за градење доверба меѓу народите на двете земји и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување, се наведува во соопштението.
Од МНР уште еднаш потенцираат оти интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството.
– Во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓугранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската соработка, се додава во реакцијата на МНР.
Соопштението на МНР е реакција на Декларацијата усвоена од Советот на бугарската Општина Благоевград, со која се изразува противење на отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во овој град, со оценка дека таквиот чин претставува провокација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград
Притисок врз Македонците во Бугарија, претседателот на ОМО Илинден, Кирјаков повикан во полиција