еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

“Македонската нација е вештачка, Вапцаров е Бугарин“: Што пишува во решението на Советот на Благоевград за забрана на македонскиот клуб

Општинскиот совет на бугарскиот град Благоевград донесе одлука да не се дозволи отварањето на македонскиот културен центар “Никола Вапцаров“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

За одлуката гласале 25 советници, а четворица биле воздржани.

Според Решението, тие се категорично против отворање на клубот, за кој велат дека е антибугарска провокација.

-За нас е неоспорен историски факт дека македонската нација е вештачки создадена од Коминтерната во 1934 година, дека нејзината единствена причина за постоење била да им служи на интересите на болшевичката партија и на Советскиот Сојуз и за целите на туѓа држава!

Историски факт е дека до крајот на Втората светска војна термин како „македонска нација“ не се среќава во ниту еден бугарски историски извор, па ни во оние од поранешна Југославија!

Терминот се појави со создавањето на Социјалистичка Република Македонија во границите на поранешна Југославија и како резултат на насилното наметнување на политиката на „културна автономија“ во Пиринско!, пишува во Решението.

Во истото пишува и дека ако некоја група на граѓани, која се дефинира како малцинство, се чувствува угнетено, треба да се обрати до судските органи и да побара правна заштита според бугарското и европското законодавство.

-Уште повеќе, за нас како Бугари и жители на Пиринска Македонија е крајно голема навреда и провокација еден голем бугарски поет, каков што е Никола Јонков Вапцаров, да наметнува туѓа национална самосвест!

Сметаме дека сите дејствија за создавање на организација во која група луѓе се дефинираат како „малцинство“ во рамките на нашата национална држава се грубо кршење на Уставот и законите во Република Бугарија и се водени од нашето верување дека Бугарија има владеење на правото, ние веруваме дека ако бугарските граѓани се чувствуваат „угнетено“ и нивните етнички граѓански права се повредени, тие треба да се обратат до судските органи и да побараат правна заштита, и според бугарското и европското законодавство!

Исто така, сметаме дека со ваквите провокативни дејствија, Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и С Македонија е грубо прекршен, сите досегашни напори за подобрување на нашите односи со РС Македонија се погазени и нејзиниот пат кон европска интеграција и членство во Европската унија е попречена!, пишува во Решението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притисок врз Македонците во Бугарија, претседателот на ОМО Илинден, Кирјаков повикан во полиција

Тие во Советот на Благоевград ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели кои се, вели Стојков за забраната за отварање на македонскиот клуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Големи промени во „Скопски пазар“: Кои се новите раководни структури?

Редакција

Бројот на умрени лани зголемен за 10,7%, најчести причини за смрт се кардиоваскуларните болести и Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 175 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција