еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притисок врз Македонците во Бугарија, претседателот на ОМО Илинден, Кирјаков повикан во полиција

Претседателот на Градскиот комитет на ОМО „Илинден“ во Благоевград, Атанас Кирјаков бил повикан од бугарската полиција на 17. октомври, пред да се отвори македонскиот културен центар “Никола Вапцаров“ во истиот град, информираше Киријаков на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тие во Советот на Благоевград ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели кои се, вели Стојков за забраната за отварање на македонскиот клуб

Бугарија го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

-На 14.10.2022 (во петокот) телефонски се јави Давид Кавраков, инспектор во полицијата во Благоевград, да се ​​пријавам на 17.10.2022 година во 9.30 часот наутро. Прашав за што ме бараат, но не ми беше даден одговор.

Денеска 17.10.2022 година во 10.00 часот сабајле, повторно телефонски се јави инспекторот Кавраков, на кого му одговорив дека нема да одам без покана. Ми се закануваа дека ќе ме одведат насилно во полиција со лисици и полицаец, силата на законот целосно ќе се примени врз мене.

На 30.10.2022 година ќе биде отворен македонскиот клуб во Благоевград. Вчера, на 16 октомври 2022 година, во градот Кресна беше одбележана 144-годишнината од Македонското Кресненско востание, пишува Кирјаков на Фејсбук.

Тој вели дека продолжува дискриминацијата и протерувањето на етничките Македонци во Пиринска Македонија.

-Јавна тајна е дека етничките Македонци во Пиринска Македонија се предмет на репресија и дискриминација, а тоа не од вчера. Во времето на Тодор Живков, етничките Македонци и Македонките, само затоа што не се откажале од својата македонска националност, биле малтретирани на најразлични начини – закани, следења, прислушувани, отпуштани од работа, исклучени од училиште и факултет, регрутирани во милиција, испрашувани, тепани, интернирани во далечните делови на Бугарија, затворани во логори и затвори, убивани…

По 1989 година односот на бугарските власти кон етничките Македонци во Пиринска Македонија воопшто не е променет. Етничките Македонци во Бугарија немаат никакви човекови права. Сите обиди за регистрација на културни здруженија на етничките Македонци во Бугарија се категорично одбиени од бугарскиот суд со образложение дека во Бугарија нема македонско малцинство.

Мотото на Тодор Живков од 1963 година, дека во Бугарија нема Македонци, никогаш немало и нема да има, важи за денес.

Последнава година тензијата меѓу двете земји, Република Бугарија и Република Македонија е многу висока. Од една страна, со отворањето на бугарските клубови во Охрид и Битола, како и со отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Виктор Стојанов, кој бара ликвидација на Весна Бендевска

(Видео) Бугарскиот европратеник Џамбаски пред картата на голема Бугарија порача дека Бугарите одлучуваат кои се Македонците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли предвремени избори: Ковачевски вели не, Мицкоски вели да

Редакција

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Редакција

Се намалува цената за роаминг со земјите од ЕУ

Редакција