еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Бугарскиот европратеник Џамбаски пред картата на голема Бугарија порача дека Бугарите одлучуваат кои се Македонците

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со нови провокации. Во видео објавено на Фејсбук, во кое стои пред карта на голема Бугарија му се обраќа на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој пред неколку дена изјави дека не го познава.

-Не е важно дали Ковачевски ме познавал или не. Тоа не е драма. Важно е дека ние го познаваме. Знаеме кој е тој, од кое семејство потекнува и ние знаеме кои се неговите корени, вели Џамбаски, кој вели и дека „Ковачевски ги носел кафињата додека траеле средбите меѓу Заев и Борисов“.

-Носеше папки, вршеше бирократски работи. Тоа е задачата на исполнувачите на туѓа волја. Тој е фасада, ја исполнува агендата на Белград и Кремљ, вели Џамбаски.

Додава дека Македонија нема никаква историја пред 1944 година и ја спори посебноста на македонскиот идентитет.

-Димитар Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, но тој е антибугарска, нацистичка, фашистичка и болшевичка иделогија која има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија. Тоа е фалш идентитет, кој е антибугарски.

Ние Бугарите одлучуваме кои сте вие, не вие Димитар, ниту Белград или Кремљ.

Македонија е бугарска и ќе биде, вели меѓу другото Џамбаски во видеото кое содржи бројни навреди и говор на омраза.

Фото/видео: Фејсбук/Џамбаски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За СДСМ сценаристи на инцидент со Јанакиески и Ристоски во затворот во Шутка се Мицкоски и Груевски

Редакција

За професорката Јачева-Улчар едностраната изјава за македонскиот јазик е срам за дипломатијата и македонската наука

Редакција

(Фото) Какви секс-играчки Македонците користат за време на ковид-кризата

Редакција