еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се намалува цената за роаминг со земјите од ЕУ

Почнува намалувањето на цените за дата податоци во роаминг на Македонија со земјите од ЕУ.

Граѓаните и бизнисите во Македонијa, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената која сега ја плаќаат за дата податоци преку роаминг, кога патуваат во европските земји.

„Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, важат и за граѓаните од дијаспората и Европа, кога ќе претстојуваат во Северна Македонија. Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, е исполнување на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ- Западен Балкан, што се одржа во декември минатата година, во Тирана.

38-те телекомуникациски оператори во ЕУ и Западен Балкан, лани на Самитот ЕУ-Западен Балкан, потпишаа декларација за сообразност, за значително намалување на јазот помеѓу роаминг тарифите и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Балканот. Оваа иницијатива ќе го намали јазот помеѓу роамингот и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, ќе придонесе за поттикнување на развој на бизнисот, туризмот и зајакнување на врските помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците изгласаа Собранието да има пет потпретседатели

Редакција

Загинатите и повредените во автобуската несреќа, треба да бида пријавени како несреќи на работно место

Редакција

Телеком Србија, преку МТЕЛ, од пролет стартува и со понуда за мобилна телефонија, вели генералниот директор, Владимир Лукиќ

Редакција