еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Бронзен медал за Петар Заборски од „Макпетрол“ на светската карате лига

Петар Заборски од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на третата позиција на исклучително силниот турнир од Светската Карате 1 серија во Ларнака. Претставникот на скопската екипа, кој пред една недела освои бронза и на Балканскиот шампионат во Тирана, на собирот од премиер-лигата се закити со одличје во категоријата до 75 килограми. Во борбата за трето место тој го победи Вилијам Диантете од Белгија со 3-2.

Вториот член на „Макпетрол“ кој се бореше за бронзен медал, Стефан Стојановиќ, беше поразен од Махди Ашури од Иран со 1-5. Младиот македонски каратист од неодамна се натпреварува во сениорска конкуренција иако е јуниор (У21). Стојановиќ од Ларнака замина со освоено петто место.

Ангела Мојсовска и Данило Божовиќ, исто така каратисти на „Макпетрол“, остварија високи пласмани на првиот ден од турнирот. Мојсовска се пласира на седмото место, а Божовиќ ја освои деветтата позиција.

Премиер карате-лигата, А серија, е глобално натпреварување што на каратистите од целиот свет им овозможува да ги демонстрираат своите квалитети на највисоко ниво. Турнирот има отворен формат, што значи дека секој спортист има право на учество. На овие турнири каратистите имаат можност да ја подобрат својата позиција на светското рангирање во овој спорт.

На собирот од Карате 1 Серија А во Ларнака настапија 914 каратисти со 936 натпреварувачки влезови од 76 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приватното здравство ја менува сликата: На докторите им е подобро во Македонија отколку да станат „медицински аргати“ во Германија

Редакција

Утре пороен дожд, грмежи и заселен ветер, најавува УХМР

Редакција

Трагедија во Радовиш: Двајца алпинисти загинаа во рудникот „Бучим“, при чистење на високо-недостапни силоси

Редакција