еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако Законот за амнестија се носи по скратена постапка ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку Законот за амнестија се носи по скратена постапка и со европско знаменце, ќе побара од највисоките тела на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за амнестија и за него бидејќи нема европско знаменце ќе мора да се дисктутира по стандардна процедура и тогаш отворено кажуваме дека ќе го блокираме.

А, ако решат да ги злоупотребат своите овластувања, како што тоа го направиле многу пати досега и повторно злоупотребат скратена процедура и европско знаменце, тогаш ќе побарам од Извршниот комитет и Централниот комитет на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот,“ порача денеска од Струмица Мицкоски.

Во обраќањето на Втората годишна конференција на Унија на ветерани на партијата насловена „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“ тој рече дека сега пред избори власта со Законот за амнестија прави сценарио за слобода на голем број криминалци кои ќе им помогнеле во изборната кампања.

„Ковачевски плаќа висока цена за својата коалиција и силно го деградира нашето општество каде принципот на неказнивост стапува на сила. Криминалците не се плашат од одговорност, затоа што самата Влада продуцира неодговорност.

Од друга страна, со мирна совест излегуваат и си велат дека следеле европски практики. Никаде во Европа нема терористи да ви убијат пет луѓе, од кои четири деца како што е случајот со Смилковското езеро и сега нивните џелати ќе ги пуштат на слобода со законот за амнестија,“ рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Законот за амнестија нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите и непотребно е да се носи, смета Спасовски

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Спасовски: Санкции за секој обид за попречување на остварувањето право на глас, вклучувајќи ги и активностите на Интернет

Редакција

Осумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Редакција

Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август

Редакција