еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Законот за амнестија нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите и непотребно е да се носи, смета Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека е непотребно донесувањето на Законот за аменстија и оти неговата примена нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите.

-Мојот став е дека апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот за носење на Закон за амнестија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица исто така нема да помогне многу. Но, сега тоа е работа на Собранието.

Нема да имаме никакви ефекти во однос на носењето на законското решение. Нема да допринесе значително да се ослободат места или да се намали притисокот на казнено-управните установи. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетите на затворските институции, изјави Спасовски, кој денеска беше во тренинг центарот во Идризово.

Според него, амнестираните многу често по излегувањето од затвор ги повторуваат делата.

-Ние секогаш укажуваме на тоа дека тие лица кои сториле кривични дела, пред се, разбојништва, тешки кражби итн, претставуваат уште еден терет за безбедносната состојба, или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела со кои ние секојдневно се справуваме, вели министерот за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ќе поднесе амандман доколку постои можност да бидат амнестирани осудени од „Монструм“, најави Ковачевски

(Фото) Двајца осудени за „Монструм“, Сеат Кочан и повратник од ИСИС на слобода со Законот за амнестија на министерот Лога

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, велат од Народна банка

Редакција

БРАКО: Нашиот дел од работите во ковид-центарот во Тетово се направени согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет

Редакција

Осум лица починале од Ковид-19 минатата недела

Редакција