еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, велат од Народна банка

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во март 2022 година и се сведе на ниво од 4,3 отсто, а просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,7 отсто, информира Народната банка (НБ).

– Во март 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,3 отсто, што претставува месечно намалување од 0,03 процентни поени (п.п.) и годишно намалување од 0,29 п.п..

Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари месечен и годишен пад од 0,01 п.п. и 0,19 п.п. и изнесува 0,7 отсто. При тоа просечната каматна стапка на новоодобрените кредити се намали на месечна и на годишна основа за 0,19 п.п. и изнесува 3,75 отсто. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,68 отсто и забележа месечен раст од 0,12 п.п., а на годишно ниво е намалена за 0,08 п.п., соопшти НБ

Во март, се додава во соопштението, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,43% отсто и е пониска за 0,02 п.п., на месечно ниво.

– Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на кредитите во денари со и без валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п.), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Во споредба со март минатата година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи пад од 0,27 п.п., посочуваат од НБ.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, пак, во марто изнесува 3,31 отсто и оствари месечен пад од 0,17 п.п.

– Падот се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,30 п.п.) и каматните стапки на кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,17 п.п. и 0,09 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка се намали за 0,20 п.п., прецизираат од НБ.

Во март, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,94 отсто и е повисока за 0,04 п.п., во споредба со претходниот месец.

– Месечната промена е резултат на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа годишно намалување од 0,21 п.п., велат од НБ.

Нагласуваат дека каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,48 п.п. на месечна основа и изнесува 0,77 отсто.

– Растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,99 п.п.) и каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,34 п.п.). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула, во март, изнесува 0,23 отсто, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п., истакнуваат од НБ.

Во март, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. во однос на февруари и изнесува 5,11 отсто. Според НБ, надолната промена е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п., на годишно ниво.

Од НБ посочуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата во март изнесува 4,47 отсто, што претставува месечен пад од 0,07 п.п.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го победи Ѓукановиќ: Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора

Редакција

Лидерот на Беса, Касами вели дека не е изненаден од одлуката на сопартиецот Реџепи

Редакција

Телеком се огради од Дардишта: „Очекуваме реакција од Владата која ја постави како независен член на Одборот на директори“

Редакција