еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Двајца осудени за „Монструм“, Сеат Кочан и повратник од ИСИС на слобода со Законот за амнестија на министерот Лога

Телевизијата 24 објави дел од листата на осуденици кои ќе излезат од затвор ако во Собранието помине Законот за амнестија на министерот за правда Кренар Лога.

Меѓу нив се и Хаки и Фејзи Азири, осудени за помагање во случајот „Монструм“, кој се однесува на монструозното убиство на четири момчиња и еден возрасен човек кај Смилковското езеро.

Освен нив, како што објави телевизијата, корист од законот ќе има и Сеат Кочан, осуден за случајот „Трансмет“, кој веќе доби намалување на казната.

На листата е и Карлито Bриганде, осуден за учество во ИСИС, а според извори на ТВ 24 на листата има и роднини на актуелни функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предвидува ослободување за казна затвор до 6 месеци: Законот за амнестија помина на Влада и оди во Собрание

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија, најави Мицкоски

Фото: Влада/ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За надоместоци на Одборот на директори на ЗК Пелагонија лани исплатени 3,2 милиони денари

Редакција

За 24 часа регистрирани 437 граѓани кои не носеле маски

Редакција

Дури 22 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција