еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Уапсен убиецот на мажот од Хром, чијашто мајка го запали станот за да го прекрие убиството

Полицијата го уапси А.Д.(39) од Скопје, осомничен за убиство на 36-годишниот И.Ј. во скопската населба Хром, извршено на 22 септември.

Претходно, беше уапсена и мајката на осомничениот, на која и е одреден и 30 дневен притвор, а која се сомничи дека предизвикала пожар во станот на И.Ј. со цел да се прикрие убиството сторено од синот.

МВР информира дека денеска во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција, бил лишен од слобода А.Д.(39) од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две кривични дела, „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“.

Имено, по преземени сеопфатни оперативно-тактички мерки и активности во претходните неколку денови, лицето во 14.10 часот е забележано во близина на мостот „Обединети Нации“ и при обид за бегство е фатено и приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка го запалила станот во Хром, за да го прикрие убиството на 36-годишниот маж сторено од нејзиниот син

Маж во бегство, скопјанка во притвор за убиството на мажот кој изгоре во стан во скопски Хром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лара Трпческа за „еМагазин“: Најважно е да се забавуваме, но и да не заборавиме на одговорноста и честа што Македонија ја претставуваме на Детска Евровизија

Силвана Жежова

Каков имот пријавил Аријан Ибраим, кој е именуван за повереник за надлежностите на градоначалник на Центар Жупа

Редакција

Кои хронично болни лица треба посебно да бидат претпазливи на корона вирусот и ослободени од работа

Редакција