еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Маж во бегство, скопјанка во притвор за убиството на мажот кој изгоре во стан во скопски Хром

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка, против А.Д.(39) од Скопје, поради сомнение за сторени две кривични дела и тоа „Убиство” по чл.123 и „Тешки дела против општата сигурност” по чл.292 в.в чл.288 од Кривичниот законик и против И.Ц.(58) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против општата сигурност” по чл.292 в.в чл 288, а во в.в чл.22 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, на 22.09.2023 во временскиот период од 06.40 часот до 09.30 часот, по пријавен пожар во стан на ул.„Исаија Мажовски” во Скопје, И.Ј.(35) од Скопје беше пронајден починат, со насилна смрт, како последица на убоди од остар предмет, а од страна на полициски службеници беше констатирано дека пожарот бил намерно предизвикан, со цел прикривање на трагите од извршеното кривично дело.

Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти преземаа бројни оперативни мерки и истражни дејствија со цел утврдување на идентитетот на сторителите на наведените кривични дела и вчера (29.09.2023) бил извршен претрес во дом во кој престојувал А.Д., кој не бил пронајден во домот и за него е распишан Централен распис за потрага, а лишена од слобода е И.Ц..

Од страна на Судија на претходна постапка денеска на второпријавената И.Ц. ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

35-годишниот маж кој изгоре во стан во Хром бил убиен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца лекари од гостиварската болница позитивни на корона вирусот

Редакција

Пролет во февруари: Сончево со температура до 21 степен

Редакција

Не правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ, тврди Заев

Редакција