еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Српската војска нема да влезе во Косово, ќе ги повлечеме силите од тоа подрачје, најави Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да и нареди на армијата да ги премине границата со Косово и дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје.

Според него, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за желбата на Србија да стане членка на Европската унија.

„Зошто ова би било од корист за Белград? Која би била идејата? Да ја уништиме нашата позиција што ја градевме една година? Да ја уништиме за еден ден? Србија не сака војна“, рече Вучиќ во изјава за „Фајненшл тајмс“.

Тој додаде дека предупредувањата на Вашингтон се нестразмерни, бидејќи бројот на српските сили на теренот се намалува.

„Минатата година имавме 14.000 луѓе во близина на административната линија, денес имаме 7.500 и тоа ќе го намалиме на 4.000“, рече Вучиќ.

Тој рече дека е „чиста лага“ дека Србија ја испраќа војската на границата со Косово.

„Србија нема да има корист од тоа, бидејќи би ја загрозило нејзината позиција во преговорите со Приштина под покровителство на Европската унија“, рече Вучиќ во изјава за ФТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија трупа војска и оружје на границата со Косово, тврди САД

НАТО испраќа дополнителни сили во Косово

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Возач од Македонија возел во спротивен правец на автопатот Белград-Ниш

Редакција

Огромен тумор отстранет од пациент кој поради годишни одмори немало кој да го оперира на државните клиники

Редакција

До недела стабилно време, температурата до 15 степени

Редакција