еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија трупа војска и оружје на границата со Косово, тврди САД

САД се загрижени од големото воено присуство на Србија на границата со Косово и го повикаа Белград да ги повлече своите сили од пограничната зона, каде се забележани српски тенкови и артилерија.

Србија распоредила „напредни тенкови и артилерија“ во близина на границата со Косово по насилните и смртоносни судири во близина на манастир во северно Косово минатата недела, предупреди синоќа Белата куќа.

-Набљудуваме големо српско воено распоредување долж границата со Косово, изјави за новинарите Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност на Белата куќа.

-Тоа вклучува досега незабележано поставање српска напредна артилерија, тенкови, механизирани пешадсики единици. Веруваме дека ова е прилично дестабилизирачки развој, рече тој.

САД ја повикаа Србија да ги повлече овие сили од границата.

Кирби рече дека трупањето на оружјето се случува во текот на оваа недела, но дека сепак не е јасно која е целта.

Во судир меѓу српски националисти и косовската полиција на северот од Косово минатата недела беше убиен еден косовски полицец. Тројца од напаѓачите потоа беа лоцирани и убиени.

Државниот секретар Ентони Блинкен вчера претпладне телефонски разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што го повикал на „итна деескалација и враќање кон дијалог“, додаде Кирби.

Вучиќ не негирал директно дека се случува трупање, но ги отфрлил повиците дека армиските сили на Србија се ставени во состојба на готовност.

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан, исто така зборувал со косовоскиот премиер Албин Курти и „изрази загриженост за српската воена мобилизација“, се вели во соопштние објавено после телефонскиот разговор.

Курти подоцна на социјалните мрежи укажа дека побарал од САД „зголемена помош против воените планови на Србија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледа куќата на Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

Потпретседателот на Српската листа, Радоичиќ во целост ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

МИА/Фото: Еулекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според лидерот на Беса, Касами, видеото на неговиот сопартиец Реџепи е направено под присила

Редакција

(ВО ЖИВО) Почнуваат Зимските олимписки игри во Пекинг

Редакција

Потпишан договорот со „Синофарм“: Македонија во февруари ќе добие 200.000 кинески вакцини против Ковид-19

Редакција