еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потпишан договорот со „Синофарм“: Македонија во февруари ќе добие 200.000 кинески вакцини против Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче, го потпиша договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм”.

Со договорот, Македонија од кинеската компанија „Синофарм” обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат во месец февруари, соопшти Министерството за здравство.

„Точниот датум на пристигање и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови. Министерството за здравство почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност, а во согласно со глобална политика на сите компании за производство на вакцини, вклучително и на „Синофарм”, податоците што ги содржи договорот остануваат доверливи.

Вакцините од Кина во нашата земја ќе пристигнат на аеродромот во Скопје. Направен е детален план за транспорт на вакцината од аеродром до економските оператори (веледрогерии) кои се задолжени за складирање на количините, а потоа и план за дистрибуција до вакцинални пунктови каде ќе се спроведува вакцинацијата.

Изминатата недела се вршеа премери на волуменот на ладните соби за чување, а се вршеше и проценка на капацитетите за складирање на целата количина“, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека вакцината на „Синофарм“ се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, а вакцините се пакувани во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината.

„Овој тип на вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, поради тоа може да се даваат на сите граѓани, без ограничување по било кој основ.

Конкретно за оваа вакцина на Синофарм, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент. ЈЗУ-ата ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво.

Според Наицоналниот план за вакицнација против Ковид 19, први ќе се вакцинираат здравствените работници од ковид центрите, матичните лекари и останатите вработени во матичните ординации, вработените во Итна помош и други здравствени работници опфатени во првата група од Фаза 1, како и возрасните граѓани над 70 години“, соопшти Министерството.

Во Министерството потенцираат дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните. Производителите на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а некои производители дополнително се регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови.

„Воведување на Ковид-19 вакцинација ќе одигра клучна улога во намалување на штетните ефекти врз здравјето на популацијата и општеството воопшто, јакнење на колективниот имунитет во услови на пандемија.

Имунизацијата е силно оружје во борба со корона вирусот, но и покрај тоа здравствените мерки за лична заштита задолжително треба и понатаму да се почитуваат“, соопшти Министерството.

Фото: Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хелсиншки комитет: Пропустите на гостиварското училиште да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла

Редакција

Студентите ја обожаваат: Која е Гордана Силјановска-Давкова, можен кандидат за претседател на државата

Редакција

Починаа три лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.484

Редакција