еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Според лидерот на Беса, Касами, видеото на неговиот сопартиец Реџепи е направено под присила

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами синоќа по објавувањето на видеото на Кастриот Реџепи, изјави дека е убеден дека видеото е направено под присила. Тој пред Парламентот рече дека се грижи за безбедноста на пратеникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Се јави Реџепи од Беса: Добро сум, се ќе раскажам кога ќе поминат заканите

Касами пријави во МВР дека пратеникот на Беса, Реџепи е исчезнат

– Веруваме и убедени сме дека ова видео е направено под присила, бидејќи е направено во моментот кога јас одам во полиција да пријавам. Ако пратеникот бил слободен доброволно на некоја позиција требало да ги информираат органите на редот, а не мене да ми кажуваат од полиција дека: „да, знаеме каде е пратеникот“, нагласи Касами.

Тој ги замоли институциите да ја информираат јавноста каде е пратеникот и дали е здрав и жив.

– Властите треба да ни кажат дека пратеникот е здрав и жив заедно со неговото семејство. Во ситуација кога јас одам заедно со членови на семејството да го пријавам за исчезнат заедно со неговото блиско семејство излегува ова видео. Затоа ние дополнително се сомневаме дека оваа ситуација е исценирана, истакна Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Реџепи, поради кој опозицијата не обезбеди кворум за одржување на седница за доверба на Владата

Лидерот на Беса, Касами вели дека не е изненаден од одлуката на сопартиецот Реџепи

Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат

МИА/Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

83% од новите случаи и 89% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Редакција

Во Зоолошка градина угина и третиот коњ од Монголија, се врши истрага за причините

Редакција

Кумановец не ги пуштал медицинските лица да влезат во собата каде се лекувал од Ковид-19, интервенирала полицијата

Редакција