еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Реџепи, поради кој опозицијата не обезбеди кворум за одржување на седница за доверба на Владата

Пратеникот на владејачката Беса, Кастриот Реџепи, вчера беше најбараниот политичар во Македонија, откако преку Фејсбук статус соопшти дека нема да дојде во Собранието за да гласа за недоверба на Владата, иако претходно го стави потписот на инцијативата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Левица, Алтернатив и Беса.

На крај Владата на Зоран Заев, поради неговата одлука преживеа, а опозицијата побара брзи предвремени парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Абе не ви текна уште еден у скафандер да пратевте као демек Реџепи е“: Твитер реакции

(ВИДЕО) Се јави Реџепи од Беса: Добро сум, се ќе раскажам кога ќе поминат заканите

Касами пријави во МВР дека пратеникот на Беса, Реџепи е исчезнат

Во текот на денот се шпекулираше и дека е киднапиран и дека неговата одлука е донесена против неговата волја. На крај тој се огласи и преку видео и рече дека бил добар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат

Касами се сомнева дека неговиот сопартиец Реџепи против своја волја не дошол во Собранието

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциската комисија, кога станал пратеник.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил стан во Скопје од 211 метри квадратни, проценет на 9,8 милиони денари и земјиште во скопски Сарај.

На име на родителите пријавил куќа во Ресен од 220 метри квадратни, проценета на 3,5 милиони денари, стекната со договор за градба, стан во Сарај од 91 метри квадратни, проценет на 3,9 милиони денари и земјиште во истата општина.

Има и кредит од 4,6 милиони денари, кој треба да го врати до 2030 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата на Зоран Заев преживеа

Опозицијата бара брзи предвремени парламентарни избори, нема да се повлече иницијативата за гласање доверба на Владата

Фото: Реџепи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Принцезата Кејт Мидлтон објави дека има рак и дека е на хемотерапија

Редакција

(Мапа) Кавадарци има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Од Ковид-19 починале 11 лица, најмладиот на 33-годишна возраст, имал дијабет тип 2 и не земал терапија

Редакција