еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Касами се сомнева дека неговиот сопартиец Реџепи против своја волја не дошол во Собранието

Претседателот на Беса, Биљал Касами денеска изјави дека Движењето стои на ставовите за пад на овој режим и оти последните случувања со пратеникот Кастриот Реџепи докажуваат дека оваа власт е спремна на се за да остане на овие позиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На опозицијата ќе и фали пратеник: Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

-Се додека немам јасна слика и глас за пратеникот за својот став, јас се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание и да се искаже за својата политичка позиција, рече Касами.

Тој денеска, како што кажа, го нема контактирано Реџепи и нема информација каде се наоѓа.

-Вчера беше мојата последна информација и според целиот амбиент тој беше во рамки на позициите кои ги имавме како политичка партија, рече Касами.

Првиот човек на Движењето Беса истакна дека се додека Кастриот Реџепи не излезе и не каже дека тој став е негов и оти тоа е доброволно и нема некоја присилба, тој како човек и како претседател на Беса има право да се сомнева дека тој против својата волја се држи некаде и не може да дојде во Собрание и да излезе пред јавноста и да каже дека тоа е негов доброволен став.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат

Ако се потврди дека тоа е негов став, според Касами дополнително ќе се превземат мерки во партијата согласно статутот.

-Во моментов за нас е многу важно здравјето на пратеникот, да имаме комуникација за потоа да разговараме за другите опции, одговори Касами на прашањето дали се преговара со други пратеници за обезбедување мнозинство за гласање доверба на Владата.

За тоа дали е пријавено исчезнувањето на пратеникот во полицијата, лидерот на Беса рече дека е во контакт со институциите и оти чека нивен одговор.

Касами претходно денеска во изјава за медиумите истакна дека не е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи.

Кастриот Реџепи, пратеник од Беса, кој беше потпишан на иницијативата за гласање доверба на Владата денеска не дојде на седницата и на својот Фејсбук профил напиша дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието.

– Евроатлантскиот интегративен процес на државата е една моите и од основните цели на Движењето Беса. Имајќи ја предвид актуелната политичка состојба, оставката на премиерот Заев и заради процесот и силните пораки од стратешките партнери – САД и ЕУ, кои ми се соопштени од висок дипломатски претставник дека во месец декември државата има големи можности да добие датум за преговори со ЕУ, одлучив да не учествувам во оваа собраниска седница каде треба да се стави под прашалник оваа важна цел на државата и нацијата, наведе Реџепи во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџепи од Алтернатива за пратеникот од Беса: Знаев дека тој што еднаш ќе те предаде, ќе те предава секој пат

Касами се сомнева дека неговиот сопартиец Реџепи против своја волја не дошол во Собранието

МИА/Фото: Беса

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Заев, Ковачевски се сликаше и со Шекеринска, СДСМ промовира единство

Редакција

Боки 13 и Јанева тврдат дека не се виновни, Кичеец го призна делото за „Рекет“

Редакција

За Мерко има шест активни предмети во Обвинителството, реагирале финансовата полиција, адвокати, невладини…

Редакција