еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На опозицијата ќе и фали пратеник: Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

Пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи на Фејсбук објави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата не премиерот Зоран Заев.

„Евроинтеграциите се една од главните причини за мојот политички ангажман во БЕСА.

Земајќи го предвид политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, заради процесот и силните сигнали од стратешките партнери на САД и ЕУ кои ми се соопштени од висок дипломат претставник, дека во декември има одлична можност да имаме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, одлучив да не присуствувам на собраниската седница на која што ќе се донесе одлука за ова прашање кое е од витален национален и државен интерес,“ напиша Реџепи и додаде дека како одговорен политичар и пратеник, одлуката ја донел ставајќи ги интересите на народот и државата на прво место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во салата има само 60 пратеници: Почна собраниската седница за гласање доверба на Владата, Џафери си замина

(Фото) Двајцата ковид-позитивни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во скафандери пристигнаа во Собранието

Неизвесно како ќе помине гласањето: Денеска во Собранието почнува расправата за доверба на Владата

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според првичните анкети за излезноста, повторно нема видлив победник на изборите во Бугарија

Редакција

„Евротим“ од Кичево доби забрана за продажба на мазутот поради отстапки во квалитетот

Редакција

Фондот за здравство вработува 41 службеници

Редакција