еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески, за чиј татко Финансиската полиција води предистражна постапка

Во денот кога требаше да се одржи седница за доверба на Владата, Финансиската полиција во рамки на предистражна постапка влезе и во домот на таткото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управа за финансиска полиција: Претресот не е извршен кај пратеникот Јаулески, туку кај вработен во ЕВН

Финасиската полиција влегла во домот на таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески

Утрово во домот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески, влезе Финансиската полиција

Јаулески за претресот информираше на Фејсбук, а од Финансиската полиција соопштија дека претресот е во домот на неговиот татко.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија, кога станал пратеник.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил само возило Голф 5 и денарски депозит.

На име на родителите пријавил стан во Скопје од 37 метри квадратни, проценет на 2,4 милиони денари, како и куќа во Струга од 265 метри квадратни проценета на 6,5 милиони денари.

На нивно име пријавил и земјиште и земјоделско земјиште во Струга, девизни и денарски депозити, како и кредит од 2,4 милиони денари, кој треба да го вратат до 2023 година.

Фото: Фејсбук/Јаулески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна постапката за избор на универзален снабдувач на струја

Редакција

(Видео) Јајца и камења за новиот бугарски клуб во Охрид, спречен инцидент

Редакција

Пописот завршува денеска: Досега попишани 1.813.153 лица во земјава и 203.144 од дијаспората

Редакција