еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Финасиската полиција влегла во домот на таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески објави дека рано утрово во домот на неговите родители влегле припадници на Финансиската полиција и извршиле претрес.

Тој за настанот информира на неговиот Фејсбук профил каде напиша: „од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утрово во домот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески, влезе Финансиската полиција

-Утрово во домот каде што живеат моите родители во 5:20 часот дојде Финансиска полиција со налог и изврши претрес за истражна постапка за фирмата каде што работи мојот татко.

Ова го толкувам како последен обид на власта за заплашување пред денешното гласање недоверба во Собранието, изјави Јаулески за Телма и додаде дека татко му работи во ЕВН.

Според него, тоа не е случајно и е очигледен обид за вршење притисок пред денешното гласање за доверба на Владата во Собранието.

Со пишана реакција излезе и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упадна финансова полиција и МВР на Спасовски на денот на гласање за доверба на Влада, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците.

Таквите методи својствени за Чаушеску ќе бидат жестоко поразени, стои во реакцијата.

Засега нема информација од Финансиската полиција дали и зошто е направен претресот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неизвесно како ќе помине гласањето: Денеска во Собранието почнува расправата за доверба на Владата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика

Редакција

Бугарскиот амбасадор Ангелов: Официјалниот став на Бугарија е Декларацијата на Парламентот

Редакција

Ревакцинирани вкупно 740.822 граѓани, трета доза примиле 499

Редакција