еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 740.822 граѓани, трета доза примиле 499

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.845 дози вакцини, од кои 958 се аплицирани како прва доза, 2.813 се ревакцинирани, а 74 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерство за здравство.

„Заклучно со 5 октомври вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Милески – Кичеец бил пуштен од затвор поради “неодложни лекарски прегледи“

Редакција

407 казни за неносење маска

Редакција

Судот ѝ го одзеде пасошот на Лидија Димова

Редакција