еМагазин
Image default
Македонија

Судот ѝ го одзеде пасошот на Лидија Димова

На барање на Обвинителство, Кривичен суд денеска и го одзеде пасошот на Лидија Димова, но и на уште едно лице кој е вклучен во истрагата на работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Ценејќи ги фактите и причините поради кој е поднесен предлогот судија на претходна постапка донесе решенија со кои го уважи предлогот и на Л.Д. и А.Г. им одреди мерка – одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, обврска за повремено јавување во судот, и забрана за вршење на одредени работни дејствија“, изјавија од Судот.

Тие и уште две лица се осомничени дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за Лидија Димова и уште три лица

Кривична пријава за Лидија Димова, сопственикот на В.Е.З. Трејд и двајца соработници во Агенцијата

Каков имот пријавила Лидија Димова, разрешената директорка на Агенцијата за европски образовни програми

Фото: Фејсбук/Димова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Титаник“

Редакција

Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ доби нов претседател, избрани и советници на Мицкоски

Редакција

Регистрирани над 500 прекршоци за неносење маска

Редакција