еМагазин
Image default
Македонија

По средбата со Захариева, нема решенија за изолација за Димитров и Османи

Нема ризичен контакт и нема да се издаде решение за изолација за ниту еден член на македонската делегација која присуствуваше на состанокот во Берлин, заклучила Комисијата за заразни болести, по извршената епидемиолошка проценка на ризик, соопштија од Секрертаријатот за европски прашања и од Министерството за надворешни работи.

Бугарското МНР денеска соопшти дека вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева е во самоизлација и се чека резултатот од нејзиниот ПЦР-тест, отако бил позитивен на брз тест за Ковид-19 член од бугарската делагација на состанокот во Берлин во понеделникот на кој присиствуваа и вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи заедно со претствници од Сојузна Република Германија

– Веднаш по добивањето на информацијата дека постои можност дел од бугарската делегација, која беше присутна на состанокот во Берлин, да е позитивна на Ковид-19, СЕП се обрати до Комисијата за заразни болести, каде се изврши епидемиолошка проценка на ризик.

Имајќи предвид дека сите мерки биле почитувани од страна на македонската делегација, односно сите претставници носеле маски и одржувале значителна дистанца, заклучокот од комисијата е дека нема ризичен контакт и дека нема да се издаде решение за изолација за ниту еден член на македонската делегација, соопштија од СЕП.

Сепак, со оглед на тоа дека вицепремиерот Димитров во наредниот период ќе продолжи со интензивни активности и меѓународни контакти, од СЕП наведуваат дека тој ќе изврши редовно превентивно тестирање согласно проактивната политика за тестирање на СЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захариева во самоизолација по средбата во Берлин, нема информација дали член од македонската делегација ќе се самоизолира

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Нè однесе струјата – другарот почна да плива кон другиот другар за да го спаси, но не успеа, вели за Сител првиот Македонец спасен на Халкидики

Редакција

ДУИ избра нови претседатели и членови во 14 ограноци

Редакција

(Видео) Пендаровски и Пахор ги гледаа македонските специјални сили во акција во Охрид

Редакција