еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Нè однесе струјата – другарот почна да плива кон другиот другар за да го спаси, но не успеа, вели за Сител првиот Македонец спасен на Халкидики

Да сумирам во кратки црти не знаевме дека на таа плажа има толку силни струи, струите се спојуваат таму и предизвикуваат многу силна струја што носи сред море, вели Васил Брезовски за Сител, првиот Македонец спасен на Халкидики.

– Пливајќи полека, полека нè однесе, додека не почувствуваме дека сме надвор од безбедната зона, односно не го допираме дното и веднаш се обидовме да отпливаме кон плажата, меѓутоа не успеавме јас и мојот пријател.

Потоа, другарот почна да плива кон другиот пријател за да го спаси но не успеа. едноставно чекавме да дојде помош, сведочи Брезовски за Сител.

Брезовски објаснува и за тоа како бил спасен од страна на сурфер и крајбрежната полиција.

– Мене ми помогна сурфер, кој за жал не можеше да ме извлече, ми рече да бидам мирен и да останам таму каде што сум додека не дојде полицијата или крајбрежната служба, па потоа тој замина да повика помош, вели Брезовски.

Додава дека откако тој бил спасен потрагата продолжила по останатите двајца негови другари.

Васил им порача на грчките власти подобро да ги означат плажите за да туристите знаат што да очекуваат додавајќи дека некои од плажите служат само за уживање во глетката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Градоначалничката на Касандра објави фотографија од топката која му го спаси животот на Иван

(Видео) Топка го спаси Иван, кој помина 19 часа во море: Детали како преживеал

Видео од спасувањето на еден од исчезнатите Македонци на Халкидики

Фото/видео: Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 638 оздравени од Ковид-19

Редакција

Сведочењето на обвинителот од СЈО, Бурим Рустем за „Рекет“ одложен за утре

Редакција

„Македонски Телеком“ оствари добивка од 23,2 милиони евра за девет месеци

Редакција