еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Елена Ристеска: Во овие тешки моменти македонската химна треба да ечи насекаде

Македонската пејачка на својот Фејсбук профил објави видео од нејзината изведба на македонската химна на прославата на 4.јули во американската Амбасџада и ги коментираше актуелните случувања со т.н. француски предлог.

„Македонската химна е гордост и чест да ти доверат да ја отпееш. Секогаш со посебно чувство сум ја пеела, бидејќи не е било која песна, химната е песна на еден цел народ, МАКЕДОНСКИ НАРОД.

Јас знам за една Македонија без придавки (освен придавката “Република”) за која сум учела и во која живеам од кога знам за себе, за еден јазик – МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, кој впрочем го говорам, знам за една нација или народ за кого пеам 20 години.

Исто толку години ја претставувам мојата нација и мојата земја насекаде низ светот, а таа земја се вика МАКЕДОНИЈА.

И токму сега во овие тешки моменти треба да ечи насекаде МАКЕДОНСКАТА ХИМНА, бидејќи носи силна порака. Покрај споменување на револуционерите и народот кои се бореле и умреле за татковината, се споменува само едно име – МАКЕДОНИЈА и еден народ – МАКЕДОНСКИ.

Ова не е време за било какви поделби и овој коментар нема никаква политичка конотација – има исклучиво патриотска„, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од мене и дедо ми и баба ми големо НЕ за „францускиот предлог“

(Видео) Весна Петрушевска од пред Собрание: Макрон, Македонка сум, ако не разбираш ќе ти преведеме

Ида Мантон за „францускиот предлог“: Подобрете го договорот за да ја спасите Европа од самата себе

Фото: Ристеска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прифатено обвинението за „Рекет“: Наскоро ќе биде закажано првото рочиште

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 53 пациенти, а вкупно се лекуваaт 566

Редакција

Кој го чува: Само Груевски од поранешните функционери остана со обезбедување од државата

Редакција