еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Весна Петрушевска од пред Собрание: Макрон, Македонка сум, ако не разбираш ќе ти преведеме

На синоќешниот протест против францускиот предлог во Скопје, пред македонското Собрание се обрати и актерката Весна Петрушевска.

“Тука сум да ви кажам дека за македонскиот јазик не се преговара. Македонија е тврдина која што мораме да ја одбраниме. Како сакате да ни го смените идентитетот, не ве разбирам, како сакате да не денационализирате, да не асимилирате, како сакате да се вика мојот театар, ако не Македонски народен театар“, рече таа во својот говор.

Порача дека секој ден треба да кажеме не и дека никој не го победил народот.

„Никој не може против македонскиот народ. Кажете ми како јас на моите деца да кажам дека нема повеќе од утре да сме Македонци, нема да се потпишуваме така, учебниците ќе ни редактираат, тие ќе ни кажуваат што ние треба да учиме и кој бил Никола Карев„, рече таа.

Петрушевска во своето обраќање посочи дека ова кое што се случува во државата е лудило затоа што не се преговара за нешто кое е наше и никој да не не нарекува „северномакедонци“.

„Македонци ова е ненормална работа, ова е лудило, ова ако Вие не го чувствувате одвнатре, јас не знам зошто не се сите денеска тука. Треба цела Македонија да се дигне на нозе.

Јас се обидувам да не сум патетична, се обидувам да сум разумна, се обидувам да ги разберам некако зошто воопшто би преговарале кога и вака и онака 15 години нема да влеземе во ЕУ. Не сакам да преговарам за нешто што е само мое, не сакам да ме нарекуваат „северномакедонка“. Макрон, Македонка сум, ако не разбираш ќе ти преведеме“, рече Петрушевска.

Петрушевска порача дека секој еден треба да излезе и да се бори за Македонија.

“И мислам и тврдам дека треба секој општествен одговорен и културен работник, особено културен работник да ја има општествената одговорност да излезе и да се бори за Македонија, затоа што ние сме тие кои што играме на сцена, кои што снимаме на телевизија, кои снимаме македонски филмови, кои сме амбасадори на нашата култура. Како да сме амбасадори на македонската култура, како, со сменет идентитет, со тоа што вие таму некои ќе потпишете и ќе јадете бифтеци.

Јас мислам и тврдам дека треба да сме единствени во ова и ДА, не сакаме насилство и ДА, не потклекнуваме на провокации од нашите сонародници, од нашите граѓани кои со нас живеат со години и нема да потклекнеме“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од мене и дедо ми и баба ми големо НЕ за „францускиот предлог“

Елена Ристеска: Во овие тешки моменти македонската химна треба да ечи насекаде

Ида Мантон за „францускиот предлог“: Подобрете го договорот за да ја спасите Европа од самата себе

Фото: Македонија 24/видео: Фејсбук/Петрушевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо подароци за 8. март донирајте за Срна, Кара, Леонид, Јани…

Редакција

Концерт во чест на Даниел Милошески – Данче, на 10-годишнината од смртта

Редакција

Денеска гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, утре 8.852 болни, немоќни и хронично болни

Редакција