еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Протестот против „францускиот предлог“ помина мирно и без инциденти, продолжува утре

Да се сплотиме сите и заеднички да се спротивставиме на ова мрачно сценарио, да кажеме „НЕ“ за бугаризација, асимилација и за бришење на нашиот македонски идентитет, порачаа учесниците од вечерашниот протест пред Собранието,искажувајќи револт против францускиот предлог.

Обраќањата пред Законодавниот дом кој беше крајната дестинација на протестниот марш, почнаа со интонирање на македонската химна, а додека говорниците зборуваа се слушаше скандирањето „Никогаш Северна, само Македонија“.

-Нема ништо срамно во патриотизмот кон сопствената држава и патриотизмот воопшто не е демоде, тоа е максима на оние кои сакаат да ја распарчат Македонија. Никогаш нема да ги трансформираме бугарските фашисти во некакви администратори, нема да ја заборавиме Ваташа, ниту Илинденците, ниту АСНОМ-ците, ниту струмичките студенти, ниту сите оние што го положија својот живот за независна Република Македонија, истакна еден од говорниците.

Пред собраните граѓани прв зборуваше Мартин Треневски, министер за информации во експертската Влада на Никола Кљусев. кој кој симболично, носеше маичка со напис „Реферндум ‘91 ‘ЗА’“.

-Европа кон која ние мечтаеме нема разбирање за нашите ставови и погледи. Не ни преостанува ништо, освен да се мобилизираме и да се бориме за нашите правдини, рече Треневски и порача да не се заборават желбите на илјадниците наши претци кои мечтаеа за слободна, независна држава и за тоа ги дадоа своите животи.

Се обрати и актерката Весна Петрушевска, нагласувајќи дека за македонскиот јазик не се преговара.

– Македонија е тврдина која мора да ја одбраниме. Како сакате да ни го смените идентитетот, да не асимилирате, како да се вика мојот театар ако не Македонски народен театар? Никој не го победил народот, никој не може против народот. Не сакам да преговарам за нешто што е само мое и да ме нарекуваат Северна Македонка, подвлече Петрушевска.

Протестот почна пред Владата и продолжи кон Министерството за правда каде беа поставени транспаренти. Се одвиваше мирно, без инциденти и провокации.

Учесниците најавија дека протестниот марш ќе продолжи утре во 19 часот.

Ова беше седми ден од протестот против францускиот предлог што се организира под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“.

МИА/Фото: МИА/видео: Твитер/Мартин Колоски/Радио МОФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Супервештачење за случајот со родилката од Дебар, која остана без три органи

Редакција

Јанакиески и Јанкулоска на суд: Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Редакција

Може да се зборува за европски напредок во регионот само преку одржување на ветувањето за Македонија, вели Димитров

Редакција