еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Може да се зборува за европски напредок во регионот само преку одржување на ветувањето за Македонија, вели Димитров

На специјалната дискусија вчера во Солун, на која учествуваше вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров заедно со високи претставници од регионот и ЕУ, беше разговарано за придонесот на Западниот Балкан кон Конференцијата за иднината на Европа.

Димитров нагласил дека пристапниот процес е најдобрата алатка за европеизација на регионот, бидејќи граѓаните на Балканот зборот „европски“ го поврзуваат со одредени вредности кон кои нашите општества се стремат.

„Покрај внатрешниот пазар, Европската Унија е препознатлива по споделените вредности кои ја креираат нормативната и трансформативната моќ – европскиот наратив дека Европа предводи преку примери.

Вклучувањето на граѓаните од регионот ќе придонесе за зајакнување на овие вредности, преку дискусија за прашања како на пример дигитализација и заштита на животната средина кои се актуелни прашања и во овој регион и кои носат конкретни промени.

Имаме високо ниво на усогласеност во однос на надворешната политика што природно значи дека овие земји треба да бидат вклучени во креирањето на тие политики ако од нив се очекува да ги спроведуваат,“ рекол Димитров, информираат од Секретаријатот за европски праша (СЕП).

На прес-конференцијата по дебатата, тој посочил дека е неопходно да се обнови кредибилитетот на ветувањето за европска иднина на Балканот, дадено токму во Солун пред 18 години.

„Потребно е да бидеме дел од заедничката европска куќа, не може една соба да биде исклучена од системот, бидејќи така ќе страда целата куќа. Дебатираме за ова долго време, напорно работевме, заслужуваме нашиот напредок да биде препознаен и да служи како инспирација за многу други и мислам дека тоа ќе биде добар чекор за да го вратиме кредибилитетот на ветувањето од Солун.

Ќе го направиме тоа заедно со Грција и регионот,“ заклучил Димитров.​

Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Петрушевски е првиот пратеник кој е осуден за клевета за став искажан од собраниската говорница

Редакција

(Видео) Јаревски истури црвена течност на собраниската говорница, како симбол на крвта на жртвите на фашизмот и децата од Ваташа

Редакција

Анализа на Ал Џезира Балкан: Зошто Брисел стравува од балканизација на Европа?

Редакција